Гидсел повторно МВП и најдобар стрелец на Светското првенство
Десниот бек на Фуксе го заврши првенството со 74 гола што е петти најдобар ефект на сите времиња, зад Лазаров (92), Јон (82), Хмам (81) и Кокшаров (80 гола), предводејќи ја со тоа својата репрезентација до титулата на годинашниот Мундијал. За најдобар млад играч е прогласен португалскиот репрезентаѕивец Франсиско Коста кој за две недели ќе наполни 20 години.
Интересно е тоа што Гидсел не се најде во идеалната постава на првенството во која имаше место за: Емил Нилсен, Дилан Наи, Симон Питлик, Мартим Коста, Иван Мартиновиќ, Марио Шоштариќ и Виктор Итуриза.