Лејкерс го потврди ангажманот на Дончиќ: Да, навистина се случи! (ФОТО)

Лос Анџелес Лејкерс и Далас Маверикс и официјално го потврдија шокантниот трејд кој беше изненадувачки за сите, па и за самите кошаркари.

Информацијата за големиот трејд во кој Лука Дончиќ се сели во Лејкерс, а Ентони Дејвис оди во Далас ги шокираше буквално сите. Сега официјална потврда стигна и од двата клуба.

„Да, навистина се случи. Добредојде во Лос Анџелес, Лука“, стои во објавата на ЛА Лејкерс.

Претходно Далас го потврди доаѓањето на Ентони Дејвис.