Интер со гол во 93. минута се спаси од пораз во големото дерби со Милан (ВИДЕО)

Милан беше на работ на победа во градското дерби, но Интер заслужи да не загуби и успеа да се спаси од пораз со гол на Де Вриј во 93. минута.

Милан водеше од 45. минута кога Рејндерс во една мешаница најдобро се снајде и ја смести топката во мрежата на Интер за предност од 1-0.

Нероазурите на овој меч трипати ја погодија стативата, имаа и три поништени голови. Направија доволно за да не бидат поразени, а среќата им се насмеа во финишот.

Течеше 93. минута кога новото засилување Никола Залевски убаво со гради асистираше до Де Вриј, а овој погоди за конечни 1-1.