Арсенал пукна „петарда“ во мрежата на шампионот - Сити понижен на Емирејтс (ВИДЕО)

Манчестер Сити можеби ќе успее да се пласира во Лигата на шампионите идната сезона, но јасно е дека оваа не може да им парира на најсилните екипи во англиското првенство.

Бранителот на титулата денеска доживеа катастрофа на гостувањето кај Арсенал и загуби со 1-5 во дербито на 24. коло на Премиер лигата. „Топчиите“ со тоа останаа во игра за титулата иако имаат шест бода негатива во однос на Ливерпул, додека Сити сега е на -15 во однос на лидерот.

 

 

Исходот од денешниот натпревар можеше да се предвиди по само две минути игра кога Хаверц искористи една противничка грешка и го отвори резултатот. Истиот играч пет минути подоцна можеше да зголеми и на 2-0, но на магичен начин успеа да промаши празен гол, па на полувреме се замина со минимално водство за домаќините.

Вториот дел беше многу поефикасен, а се почна во 55. минута. Халанд го израмни резултатот на асистенција на Савињо, но веќе во следниот напад Парти го врати Арсенал во водство што се покажа клулен момент на мечот. Луис-Скели во 62. минута со својот прв гол во сезоната го донесе Арсенал во водство од 3-1, за потоа Хаверц и Нванери да го потврдат понижувањето на шампионмот.