Рома во 92. минута му одзема два бода на Наполи и ја продолжи серијата без пораз! (ВИДЕО)

Рома и Наполи одиграа 1-1 во големото дерби на Олимпико, херој за домаќините беше Анхелињо кој го даде израмнувачкиот гол во судиското продолжение.

Рома ја продолжи серијата без пораз во италијанската лига, веќе седми натпревар по ред не загубиле меч.

Наполи дојде во водство во 29. минута со гол на поранешниот играч на Рома, Спинацола. Тој поради почит кон неговиот поранешен тим не се израдува на погодокот.

Наполитанците беа пред победа, но во 92. минута Анхелињо даде гол за израмнување на 1-1, што беше и конечен резултат.