Тотнем ја прекина црната серија, Кристал Палас го шокира Јунајтед
Тотнем стигна до водство во 29. минута со автогол на домаќините, а победата ја обезбеди Сар во самата завршница кога погоди за 2-0.
„Ѓаволите“ имаа уште еден очаен настап, кој беше казнет од Кристал Палас со два гола во второто полувреме, а стрелец беше Матета.
Јунајтед со овој пораз падна на 13. место и има 29 бодови, односно се наоѓа сè подалеку од позициите кои водат во европските натпреварувања следната сезона.