Несреќата не оди сама: Лисандро Мартинез на носилки изнесен од теренот (ВИДЕО)
На десетина минути пред крајот на основниот дел од мечот, Аргентинецот остана да лежи на теренот, по еден дуел со играч на Кристал Палас, а според проценките, во тој момент настрадало коленото или скочниот зглоб. По неколку минутно укажување помош, Лисандро на носилки и со солзи на очите беше изнесен од теренот.
Од доаѓањето во Манчестер Јунајтед во 2022 година, ова е петта повреда на Лисандро, а само минатата сезона поради три повреди паузираше вкупно 191 ден и пропушти 42 натпревара.