Јамал ги возбуди навивачите на Барса: Само Меси така дриблаше во Ла Лига (ВИДЕО)

Барселона оствари тешка победа во дуелот против Алавес, но и таа е премија за каталонскиот тим кој се прикажа во бледо издание, играше премногу нервозно и ја немаше течноста во играта.

Победничкиот гол го постигна Роберт Левандовски, но вниманието повторно го привлече Ламин Јамал кој во првото полувреме имаше потег карактеристичен само за најдобриот на сите времиња Лионел Меси. Ја доби топката на својата половина, издрибла 7-8 противнички фудбалери пред да одложи на левата страна. Можеби не беше опасен за противничкиот гол, но вакви дриблинзи на 17 години... ретко некој може некој да се пофали. Со оглед на тоа што напаѓаше по десната страна, на многумина им се вратија сеќавањата од пред 7-8 години кога вака дриблаше Меси кој исто така играше на позицијата десно крило.

Дури и при голот за победа, клучен беше тинејџерот во редовите на Барселона кој од десната страна шутираше со волеј, топката се одби до Левандовски, а Полјакот само ја спроведе во мрежата.