
Интер и Баерн без проблеми, со нови победи до четвртфинале (ВИДЕО)
Интер уште во осмата минута вечерва најави дека нема да дозволи некаков пресврт или драма, Турам постигна одличен гол за водство од 1-0.
Феенорд пред крајот на првото полувреме со гол од пенал на Модер израмни на 1-1. На пауза се замина со по еден гол на двете страни.
На самиот старт од второто полувреме Интер доби пенал, а сигурен реализатор беше Чалханоглу.
До крајот не видовме промена на резултатот, па Интер со вкупни 4-1 се пласираше во четвртфиналето.
Баерн Минхен по триујмфот од 0-3 во првиот натпревар, вечерва славеа победа од 0-2 и место помеѓу најдобрите осум обезбедија со вкупни 0-5.
Двата гола гостите ги постигнаа во второто полувреме, а беа дел на Хари Кејн и Алфонсо Дејвис.