Кливленд од минус 18 до 15-та победа во низа (ВИДЕО)

Најдобриот тим во НБА, Кливленд Кавалирс вторпат оваа сезона е во серија од 15 победи откако ноќеска го совлада Бруклин со 109-104.

Тоа е рекорд на франшизата која оваа сезона има биланс 55/10 и е со добри шанси да се нареди до најдобрите во историјата на лигата. До новата победа стигна и покрај тоа што во тимот не беа Донован Мичел, Диандре Хантер и Тај Џером, но и по негатива од 18 поени разлика.

Во третиот период, Бруклин водеше со 71-53 и потоа почна пресвртот на домаќините. До крајот на таа четвртина Кавс намалија на осум разлика, а последниот квартал го добија со 31-18 и дојдоа до триумфот. Во последните 12 минути блескаше Дариус Гарланд кој постигна 18 од своите 30 поени.

 

 

Со овој триумф, Кливленд стана само петти тим во историјата на НБА кој оствари 55 победи во првите 65 меча од сезоната. Пред него, тоа им успеало само на Голден Стејт во 2016, Чикаго во 1996 и 1997, Филаделфија во 1967 и 1983 и Сан Антонио во 2016 година.

РЕЗУЛТАТИ
Кливленд - Бруклин 109-104
Детроит - Вашингтон 123-103
Индијана - Милвоки 115-114
Њу Орлеанс - ЛА Клиперс 127-120