
Слот по испаѓањето на Ливерпул: Ова беше најдобар натпревар на кој сум учествувал
„Црвените“ имаа предност од еден гол од првиот натпревар, но синоќа на Енфилд не успеаја да ја затресат противничката мрежа и загубија на пенали. За разлика од првиот меч, Ливерпул на реваншот беше апсолутно доминантен, пропушти неколку изгледни шанси за гол и го заврши својот пат во елитното натпреварување. И покрај тоа, тренерот Арне Слот тврди дека синоќешниот меч бил најдобар на кој учествувал во својата кариера.
„Ова беше неверојатна партија, најдобра во која сум учествувал во животот. Одигравме совршено, ни недостасуваше само гол. Беше слично како минатата недела, кога ПСЖ играше одлично, но не постигна гол“, рече Слот.
Холандскиот стручњак е во фудбалот веќе три децении, прво како играч, а сега и како тренер и учествувал во над 700 натпревари.