
Италијански тим остана без најдобриот фудбалер - доби суспензија од 10 натпревари!
Одлуката за суспензија на дури десет средби ја потврди Дисциплинската комисија во Серија Б.
„Пред крајот на натпревар Васкез испрати навреда која изразува расна дискриминација кон противничкиот удбалер Емил Мехди Дорвал и тоа е заведено во извештајот од натпреварот, а подоцна и потврдено од Федералното обвинителство“, стои во образложението за казната.
Инцидентот за кој аргентинскиот фудбалер ја заработи суспензија се одигра на 15 февруари и во него Кремонезе ремизираше на гости кај Бари (1-1).
Неговата суспензија сигурно е удар за Кремонезе бидејќи тој е најдобриот фудбалер на овој тим со девет гола на 26 натпревари.