Дербито на Мадрид е во фокусот на ЛШ, Реал со предност ќе го почне мечот против Атлетико!

Денеска ќе се комплетира осминафиналната фаза од Лигата на шампионите, а дербито е на Ванда Метрополитано каде Атлетико Мадрид ќе го пречека својот градски ривал, Реал Мадрид.

Првата пресметка меѓу двата ривали беше возбудлива, Реал Мадрид ја доби со 2-1, па со еден гол разлика ќе го стартува вечерашниот меч.

Тимот на Симеоне нема друга опција освен да тргне на победа пред своите навивачи. Тој ги има на располагање сите фудбалери за разлика од Реал Мадрид кој уште не знае дали Мбепе ќе може да го стартува натпреварот.

Се очекува меч со многу борба и тензија, Атлетико ќе тргне кон голот на Куртоа, но треба да внимава и на убиствената контра која ја има Реал.

Неизвесно ќе биде на првиот меч денеска, дуелот меѓу Лил и Борусија Дортмунд кој заврши 1-1 во Германија. Тој дуел започнува од 18:45 часот.

Арсенал уште во Ајндховен го реши прашањето за патникот во четвртфиналето, тогаш го победи ПСВ со 7-1, па денешниот меч на Емирати треба да биде чиста рутина.

Се очекува и Астон Вила да помине понатаму која мечот против Клуб Бриж на Вила Парк ќе го почне со предност од 3-1.