Донарума херој во драмата на „Енфилд“: Крај за Ливерпул во Лигата на шампионите! (ВИДЕО)

Екипата на Пари Сен Жермен е последниот четвртфиналист од денешните натпревари во Лигата на шампионите откако по изведувањето на пенали го елиминираше лидерот во Премиер лигата, Ливерпул.

Пари Сен Жермен доминираше во првиот натпревар, вечерва гледавме израмнета  борба во која и двете екипи имаа свои прилики, но повторно се постигна само еден гол.

Натпреварот на „Паркот на Принцовите“ го реши Харви Елиот во завршницата. Денес Ливерпул подобро започна и прв ја создаде најсериозната прилика која Салах не ја реализираше.

Осман Дембеле успеа да го поништи голот на Елиот од првиот натпревар и стрелаше во првата поголема прилика за ПСЖ во 12. минута. По тој гол ПСЖ создаде уште најмалку две-три добри шанси, но нов гол немаше, топката или одеше надвор од рамката од голот или бранеше Алисон.

Во продолжение свои шанси имаше и Ливерпул, меѓутоа промена немаше ниту до крајот на првиот дел, а ниту во второто полувреме.

Двете екипи во продолженијата повеќе внимаваа на својот гол, па така тука видовме мал број прилики и победникот го решаваа ударите од белата точка, таму поуспешни беа фудбалерите на францускиот тим.

Вистински херој за ПСЖ беше Џанлуиџи Донарума кој ги одбрани ударите на Дарвин Нуњез и Куртис Џонс и тоа беше доволно за четвртфинале.