
„Фараонот“ се расплака по веројатно последниот натпревар со Ливерпул во ЛШ (ВИДЕО)
На девет натпревари постигна само три гола што е премалку во однос на оние 27 на 29 меча во англиското првенство. И синоќа против ПСЖ промаши неколку изгледни шанси кои можеа да го однесат Ливерпул до целта, односно до пласман во четвртфиналето од ЛШ каде секако ќе имаше полесна задача против Астон Вила или Бриж.
Затоа не е изненадување што по елиминиација, тој беше исклучително емотивен и во солзи им аплаудираше на навивачите. Со оглед на тоа што нема најава за продолжување на договорот, мечот со ПСЖ на Енфилд веројатно беше последен за него во дресот на Ливерпул во Лигата на шампионите. Исто така, не е исклучено да беше последен воопшто во елитното натпреварување, имајќи предвид дека сериозни се шпекулациите за негова можна преселба во Саудиска Арабија.