
Скандал во Борусија: Пред натпреварот во ЛШ се степале двајца фудбалери!
Актуелните вицешампиони на Европа утре од 18:45 часот ќе гостуваат на Лил во реваншот од осминафиналето откако во првиот натпревар во Германија беше 1-1.
За викендот избраниците на Нико Ковач направија уште еден кикс во Бундеслигата и изгубија од Аугусбург, а на еден од последните тренизни пред патот за Франција дошло до физичка пресметка помеѓу двајца важни фудбалери на оваа екипа.
Според информациите на германските медиуми се степале Јулијан Брандт и Џејми Бајно Гитенс.
И покрај овој скандал, двајцата се во составот за натпреварот со Лил.