Фиорентина ја надигра Џенова и се врати во трка за топ-4

Фудбалерите на Фиорентина денеска беа подобри од Џенова со 2-1 во 22. коло од италијанската Серија А.

Екипата од Фиренца по само половина час имаше водство од два гола, откако во листата на стрелци се запишаа Кин и Гудмундсон.

Де Винтер го постигна единствениот гол за Џенова во второто полувреме, иако гостинскиот тим имаше многу шанси, но не ги искористи.

Фиорентина со оваа победа стигна до 39 бодови и се врати во трката за топ-4 во лигата.