Галатасарај го потврди потписот на Мората и ги откри деталите од трансферот
Галатасарај ги објави и финансиските детали од договорот со Милан.
Турскиот клуб ќе плати 6 милиони евра за да го добие Мората на позајмица до јануари 2026 година.
Има опција да го направи трансферот перманентен со тоа што ќе плати обештетување од 8 милиони евра кое може да биде исплатено на шест рати.
Ако решат да не ја активираат таа опција, Галатасарај може да ја продолжи позајмицата до јуни 2026 година со тоа што на Милан ќе му плати уште 3 милиони евра.
Во тој случај откупната клаузула ќе се зголеми на 9 милиони евра.
Платата на Мората ќе биде 6 милиони евра по сезона.