Шкупи му ја продлабочи кризата на ТФТ

Шкупи го совлада ТФТ со 87-82, ова беше четврти пораз на последните шест меча за тимот од Тафталиџе.

Екипата на Шкупи излезе од зоната за испаѓање откако дојде до третата победа по ред, овојпат го совладаа ТФТ кој беше фаворит. 

Шкупи вечерва доминираше во најголемиот дел од мечот, но победата ја потврдија во последнитте минути. ТФТ се доближи на еден поен негатива, но не успеа да го направи завршниот чекор. Финишот му припадна на домаќинот кој на крајот се израдува на триумф од 87-82.

Најдобар на теренот беше Сила кој мечот го заврши со 24 поени и 10 скокови, Арнолд даде 19 поени. Во тимот на ТФТ, Стојаноски постигна 22 поени.