Ракометната репрезентација на Македонија денеска ги започна подготовките за Европското првенство во Данска, а на списписокот на селекторот Кире Лазаров се најдоа 21 ракометар, плус уште седум како резерви.

Во првиот дел од подготовките, македонските ракометари ќе работат во копје до 26 декември, а потоа ќе се преселат во Хрватсска каде што ќе одиграме и еден пријателски натпревар со истата селекција.

Потоа одново ракометарите ќе бидат во Скопје до шести јануарри, па ќе следи настап на турнирот во Швајцарија каде што ќе играме против Бахреин и Украина.

Европското првенство го започнуваме на 16 јануари со дуелот против Данска, а во нашата група се уште Португалија и Романија против кои ќе играме на 18-ти и 20-ти јануари.