Македонија доби група по мерка за ново Европско првенство!

Македонската ракометна репрезентација денеска ги доби ривалите за квалификациите за пласман на Европското првенство 2026 кое ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка.

Македонија се најде во првата група, а противници ни се Словенија, Литванија и Естонија.

Првите две селекции од секоја група и најдобрите четири третопласирани обезбедуваат учество на Европското првенство.

Квалификациите почнуваат на 4. октомври, а ќе траат до 11. мај 2025 година.