Лазаров: Катар одигра добри мечеви на СП – ќе биде ептен неизвесно!

Македонската национална селекција утре ќе го одигра мечот кој мора да го добие, секако ако не сака да заврши меѓу најлошите на СП 2025 на крајната табела и тоа против секогаш незгодниот Катар (15.30 часот) предводен од нам добро познатиот Веселин Вујовиќ.

Селекторот на жолто-црвените, Кирил Лазаров, повикува на голема претпазливост и потенцира дека противникот досега покажал и докажал дека воопшто не е наивен.

„Катар одигра неколку одлични натпревари на Светското првенство. Тоа е борбена селекција со многу натурализирани ракометари, кои прават разлика на теренот. Не очекува ептен неизвесен натпревар. Очекувам уште еднаш да бидеме на високо ниво, ќе видиме дали тоа ќе биде доволно за позитивен резултат“, вели Лазаров.

Македонија во моментов има два бода и е на петтата позиција пред Катар, кој е последен во групата без ниту еден бод.