„Со брза игра да ги средиме старите и уморни ракометари на Катар!“
Еден од помладите во селекцијата, Игор Ѓорѓиев, е максимално мотивиран пред овој дуел, а верува дека така се чувствуваат и неговите соиграчи.
„Не очекува натпревар против една квалитетна и пред се искусна репрезентација, која тоа го покажа против Холандија со која беа во егал до самиот крај. Ние сме помлада репрезентација и тоа може да биде одредена предност за нас бидејќи е веќе петти натпревар на првенството, па можеби ние за нијанса сме посвежи од нив. Секогаш кога играм во македонскиот дрес и пред македонските навивачи се чувствувам мотивирано, а така и останатите во репрезентацијата. Денешниот ден треба да го искористиме најдобро што можеме и да бидеме подготвени утре за Катар за да победиме. Сметам дека наш адут во утрешниот дуел може да биде добрата одбрана и нашата полуконтра“, изјави Игор Ѓорѓиев.
Македонија во моментов има два бода и е на петтата позиција пред Катар, кој е последен во групата без ниту еден бод.