Нико Ковач се враќа на клупата на европски гигант?

Борусија Дортмунд остана без тренер откако по вчерашниот пораз од Болоња „милионерите“ денеска се разделија со Нури Сахин, а според информациите на германскиот инсајдер Флоријан Плетенберг нов стратег на германскиот гигант може да биде Нико Ковач.

Во медиумите како опции за клупата на Борусија се споменуваа имињата на Роџер Шмид кој доби отказ во Бенфика и Ерик Тен Хаг, меѓутоа сега во најтесна конкуренција влегува и Ковач.

Ковач е без ангажман од март 2024 година кога доби отказ во Волфсбург. Во изминатите месеци се поврзуваше со повеќе клубови, но не се договори со ниту еден.

Во тренерската кариера Ковач ги водеше уште: Салзбург, Ајнтрахт, Баерн и Монако, а исто така беше селектор на У21 и „А“ репрезентацијата на Хрватска.