Невиден малер: На фудбалер на Селтик поништени три гола во едно полувреме
На мечот против Јанг Бојс, на Јапонецот му беа поништени три гола во едно полувреме, сите поради офсајд. Првиот беше поништен во седмата, вториот во 32., а третиот во 34. минута од натпреварот.
Да биде несреќата за Селтик поголема, во 41. минута, Енгелс промаши и удар од белата точка, па првото полувреме заврши со резултат 0-0.