Шортс немоќен во Белград, Партизан го среди и Париз

Белградски Партизан ја оствари третата победа во низа и петта во последните шест кола од Евролигата откако вечерва на домашен терен го совлада Париз со 92-86.

Тимот на Жељко Обрадовиќ некако успеа да го смири расположениот гостински тим кој фантастично го отвори мечот и во првата четвртина постигна 34 поени. Пресвртот се случи во вториот период кога проработе одбраната на Партизан, но и застана шутот на Париз.

Затоа проработе ударот од дистанца на Партизан кој го заврши натпреварот со 14 тројки од 27 шута. Блескаа Карлик Џонс, Исак Бонга и Стерлинг Браун, но изненадување за Париз беше Аријан Лакиќ. Српскиот кошаркар постигна шест поени, но целосно го запре Надир Ифи кој шутираше 1/8 за тројка. Најефикасен кај Париз беше македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс кој постигна 19 поени.

Сега Партизан има позитивен биланс (12/11) по 23 одиграни кола и е на само една победа од екипите во плејин зоната. Париз има само еден триумф повеќе, но со меч помалку.