Ракометарот на Пелистер имал две скршени ребра - го чека (по)долга пауза!
На денешниот натпревар против Аргентина, Цехте доби силен удар поради кој дури десетина минути му се укажуваше лекарска помош, а потоа директно беше однесен во болница.
Од болницата во Загреб не излегоа со добри вести за ракометарот на Пелистер. Цехте заработил сериозна повреда, има две скршени ребра.
Тој ноќва ќе ја помине во болницата каде ќе му бидат извршени и дополнителни тестови. Нејасно е колку долго ќе отсуствува од теренот и дали воопшто ќе може да се врати оваа сезона.