Лајпциг конечно победи во ЛШ, Елмас од клупа го следеше мечот! (ВИДЕО)

Во седмото коло Лајпциг ги освои првите бодови во Лигата на шампионите оваа сезона откако го совлада Спортинг со 2-1, во овој термин се одигра и мечот меѓу Шахтар и Брест кој го доби украинскиот тим со 2-0.

Елиф Елмас беше на клупата на мечот меѓу Лајпциг и Спортинг, но не доби шанса да влезе во игра.

Резултатот го отвори Шешко по 19 минути игра. Германците се израдуваа на гол и во 32. минута, но погодокот на Раум беше поништен поради офсајд.

Во 75. минута Ѓекереш го изедначи резултатот на 1-1, но само три минути подоцна Поулсен даде гол за предност на Лајпциг од 2-1 што беше и конечен резултат.

Шахтар со головите на Кевин и Судаков во првото полувреме го победи Брест со 2-0.