Супер ракомет во Осло: Шведска и Португалија по голема борба одиграа реми

Шведска и Португалија ги одиграа еден од најнеизвесните натпревари на Светското првенство кој на крајот заврши без победник (37-37)

Натпреварот донесе голема и неизвесна борба, посебно во второто полувреме кога најчесто се играше „гол за гол“.

Почетните минути им припаднаа на Португалците, но не успеваа да направат разлика поголема од два гола. Шведска во вториот дел од полувремето поткрнена нивото на игра и по 10-10 тие беа селекцијата која е во минимална предност.

Во финишот од првиот дел Шведска стигна и до највисоките „плус три“, меѓутоа Португалија со три брза гола дојде до израмнување на 18-18, резултат со кој се замина на паузата.

Колку беше неизвесно во вториот дел најдобро покажува податокот дека ниту една од двете селекции не направи предност од два гола, па така на крајот можеби и најреален исход беше да нема победник.

Најефикасен во редовите на Шведска беше Лагерген со седум гола, додека кај Португалија Фарде постигна исто така седум гола.

Во вториот натпревар кој се играше во истиот термин Хрватска немаше проблеми и славеше убедливо над Зеленортска Република со 44-24.