Maнчестер јунајтед ја одредил цената за Гарначо

Aлхандро Гарначо во последниот период се поврзува со заминување од Манчестер јунајтед, а како најсериозен кандидат за неговиот потпис се истакнува Наполи, но на „црвените ѓаволи“ не им се брза.

Имено, на „Олд Трафорд“ би го пуштиле Гарначо, но само под услови кои им одговараат.

Според последните информации од Островот во Јунајтед донеле одлука Гарначо да не замине под цена од 70 милиони евра.

Во наредните денови се очекува преговорите да продолжат, меѓутоа прашање е дали Наполи кој засега важи како фаворит е спремен да издвои колку што бара Јунајтед.