Поранешниот капитен на Вардар потпиша за Силекс

Eкипата на Силекс потврди дека се засилува со 32-годишниот фудбалер од средниот ред и досегашен член на Вардар, Дарко Мицевски.

Мицевски се одлучи кариерата да ја продолжи во Кратово каде што според позицијата по првиот дел од сезоната го чека борба за титулата. 

Во редовите на Силекс ќе соработува и со неговиот поранешен тренер од Вардар, Александар Васоски.