Кузмановски жали: Немавме среќа на крајот, но се надевам на победа со Холандија!

Македонската ракометна репрезентација вечерва беше блиску до победа, но на крајот освои и голем бод против Унгарија која во натпреварот влезе како фаворит.

Еден од најдобрите на теренот беше Филип Кузмановски кој го понесе и признанието играч на натпреварот.

Игравме со одлична екипа, тактички подготвена. Ги анализиравме мнгоу добро и тоа го покажавме, иако ни недостигаше среќа на крајот за да се израдуваме. Покажавме како се игра за Македонија, им благодарам на навивачите што 60 минути ни беше ветар во грб. Имаме еден ден да одмориме и да се подготвиме за Холандија. Посакувам да го повториме истиот меч и да се радувам на крајот

Во следниот натпревар за два дена Македонија ја очекува натпревар против Холандија која денес славеше над Гвинеја.