Денеска само на „плус“ - Унгарија, Данска и Германија ќе ги полнат мрежите!
ЈУГОСЛАВ КОСТОВСКИ
КАТАР - УНГАРИЈА 2 и плус голови
Унгарија е пред второ по ред четвртфинале на Мундијалите, откако пред две години беше елиминирана од шампионот Данска. Фаворит е против Катар според повеќе параметри и тешко дека ќе ја пропушти шансата. На единствениот меѓусебен меч со Катар на СП, Унгарците триумфирале со 32-26 во 2019 година.
ЧЕШКА - ДАНСКА Т 2 плус голови
Дека е Данска победник, нема дилема. За да не ризикувате 2 и вкупно голови, зашто Чешка е многу неефикасна, бркајте поголем коефициент со тим 2 плус голови. Данска им даде 39, односно 40 на Швајцарија односно Германија.
ГЕРМАНИЈА - ТУНИС Т1 плус голови
И овде Германија е апсолутен фаворит и како и за Данска сугерирам наместо тип и вкупно голови, плус голови за Германија. Коефициентите се многу слични но мислам дека е ова посигурен тип. Ако Швајцарија му дала 37 гола на Тунис, зошто Германија да не му даде 38.