Кузмановски: Зад нас е успешно првенство, но има и во што да се подобриме!
Филип Кузмановски и вечерва беше вистински лидер и со осум голови најефикасен во жолто-црвениот табор.
„За мене и пред првенството фаворит за златото беше Франција бидејќи има многу ѕвезди во екипата. Беше тешко да се игра против нив, но ние собравме сили и бевме мотивирани. Мислам дека зад нас имаме успешно првенство, но и дека има простор за напредок во иднина. Горд сум на овие момци, кои се бореа од прв до последен ден. Беа пожртвувани и дадоа сè од себе за Македонија. Имаше голем број навивачи во првите натпревари, одигравме максимално добро што можевме. Треба да сме задоволни“, изјави Кузмановски.