Сити подготвува уште еден трансфер - играчот денеска беше на Итихад
Станува збор за младиот норвешки плејмејкер Свере Нипан кој минатиот месец наполни 18 години и еден од плејадата големи таленти од оваа скандинавска земја. Во моментов тој е член на Розенборг, но ако ја прифати понудата од Сити, би можел веднаш да стане член на премиерлигашот. Нипан денеска беше на Итихад и во живо го следеше мечот на Сити против Челси, па многумина сметаат дека е блиску до трансфер во составот на Гвардиола.
Не е исклучено Нипан веднаш да биде проследен на позајмица во Жирона која е филијала на Сити. Тинејџерот оригинално игра во средниот ред, но може да се снајде и како полушпиц, па и како центарфор за што докас се 13. гола на 53 натпревари во дресот на Розенборг.