Голот на младиот вардарец Ончев – најубав во 4-то коло во СЕХА (ВИДЕО)

Голот на младиот вардарец Тоше Ончев во четвртото коло во регионалната СЕХА Гаспром-лига е избран за најубав погодок во оваа рунда во изборот на навивачите.

Ончев постигна фантастичен погодок против Татран Прешов на последниот меч во вторникот а ова е втора награда за црвено-црните во СЕХА, откако младиот голман Даниел Ѓорѓески ја имаше најубавата одбрана во колото.