Европа има нова гол-машина: Гигантите ќе се „тепаат“ за шведското чудо!

Европските гиганти будно го следат секој чекор на новото шведско чудо, а тоа е Виктор Ѓекереш кој оваа сезона игра неверојатно за Спортинг Лисабон.

Спортинг го купи Ѓекереш од Ковентри за „само“ 21 милион евра, а сега може да го продаде неколку пати поскапо бидејќи 25-годишниот напаѓач оваа сезона постигна 40 голови и 16 асистенции.

„Трансфермаркт“ во моментов го проценува на 55 милиони евра, но Спортинг сигурно ќе побара повеќе пари од европските екипи кои ќе сакаат да го имаат младиот Швеѓанец во своите редови.