Тежок пораз на Медведев во Рим, загуби и Димитров!
Томи Пол особено беше доминантен во првиот сет против Медведев кој го доби со убедливи 6-1. Рускиот тенисер се разбуди во вториот сет, но и тоа не беше доволно, Американецот беше подобар со 6-4 за лесна победа од 2-0.
Фриц го победи Димитров во три сета. Американецот го доби првиот сет со 6-2, во вториот се играше тајбрејк кој му припадна на Бугаринот со 13-11. Во третиот решавачки сет немаше борба, Фриц беше подобар со 6-1.
Зверев со 6-2 и 7-5 го помина Боргес, а најубедлив беше Циципас кој со 6-1 и 6-2 го победи Де Минор.