Легенда на Јунајтед полуде по скандалот во градското дерби - побара итно укинување на ВАР!

Легендарниот голман на Манчестер Јунајтед, Питер Шмајхел, изрази огромно незадоволство и побара итно укинување на ВАР технологијата по контроверзните случувања на вчерашното градско дерби.

Манчестер Сити дојде до минимална победа со погодокот на Ерлинг Халанд во натпревар кој предизвика лавина од реакции и дебати во англиската фудбалска јавност. По завршувањето на натпреварот, раководството на Премиер лигата испрати официјално извинување до Манчестер Јунајтед, јасно признавајќи дека победничкиот гол на норвешкиот напаѓач не смеел да биде признат. Овој судиски пропуст уште еднаш ја стави видео-технологијата под жесток удар на критики, а Шмајхел се истакна како еден од најгласните поборници за нејзино целосно исфрлање од фудбалската игра.

„Да го укинеме ВАР. Тој ги прави ВАР и судиите најважни луѓе во фудбалот и му ја одзема енергијата. Кога ќе постигнете гол, не ви е дозволено да славите. И потоа, по пет минути, играчите и навивачите слават, но не е тоа - тоа. Топката влегува во мрежата, тоа е гол, или линискиот судија го крева знаменцето и не е гол. И ајде да продолжиме оттаму. ВАР е толку иритирачки!“, изјави револтираниот Шмајхел.