Урнебес на теренот: Зверев не сфати дека го освои УС Опен (ВИДЕО)

Александар Зверев го освои УС Опен откако во финалето го совлада Американецот Бен Шелтон со 3-1 во сетови. Германецот стигна до својата втора Гренд слем титула во кариерата.

Најинтересниот момент се случи веднаш по последниот поен. Зверев, целосно концентриран на мечот, воопшто не сфати дека натпреварот завршил. Тој дури се подготвуваше за следниот сервис на Шелтон, сè додека неговиот брат од ложата не му покажал дека победил.

Кога сфати што се случило, Зверев изненадено се насмеа и ги крена рацете во знак на прослава. Сцената веднаш стана хит на социјалните мрежи.