Иџе: Знаете ли како е да се вози Ферари на ридски патеки? (ВИДЕО)

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски - Иџе сподели видео од вчерашната трка во Рехберг, Австрија.

Иџе вчера го освои третото место во „група 1“ на трката во Австрија која се бодови за Европското првенство на ридски патеки.

Ова беше негов прв настап со новото Ферари 488. За Иџе ова е ново искуство, го учи возилото и си поставува највисоки цели.

На трката во Рехберг беа пријавени 247 возачи од 18 земји. А Иџе во својата категорија го освои третото место.

На социјалните мрежи тој постираше видео и напиша: Дали знаете како е да се вози Ферари на ритски патеки?