Тијаго Силва со треперлив глас и солзи во очите се збогуваше со навивачите на Челси! (ВИДЕО)

По четири години поминати на Стемфорд Бриџ, Тијаго Силва го напушта Челси, бразилскиот дефанзивец со големи емоции испрати видео порака до фановите.

39-годишниот Тијаго Силва си заминува од Челси, клубот со кој ја освои Лигата на шампионите во својата прва сезона и каде што за брзо се промовираше како лидер во тимот.

Тој преку социјалните мрежи на Челси со емотивно видео се збогува од фановите. Кажа дека многу му значи клубот и се надева дека во иднина ќе се врати во друга улога на Стемфорд Бриџ.

Неговите синови тренираат во Челси и изрази надеж дека ќе останат во клубот и ќе продолжат да напредуваат таму.

Рече дека кога пристигнал во Челси очекувал да се задржи една сезона, но сега си заминува по четири години. Му се заблагодари на клубот, а посебна благодарност искажа до Френк Лампард.

Посебно го истакна освојувањето на Лигата на шампионите, тоа за него е остварен сон од детството.