Интер го славеше Скудетото, спектакуларни сцени од плоштадот во Милано! (ВИДЕО)

Интер синоќа го прослави јубилејното 20. Скудето, фановите на нероазурите го преплавија плоштадот во Милано каде што беше главното славје, но беше полно и на парадата.

Интер вчера цел ден го прославуваше Скудетото, по мечот со Торино им беше врачен пехарот и медалите, а нешто подоцна тргна парадата низ Милно со шампионскиот автобус.

Главната прослава беше на плоштадот во Милано кој беше исполнет со фанови на Интер кои направија фантастична атмосфера.