Комесарот му одговори на Работнички: Џабе барате да се игра без публика во Битола!

Комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ, одговори на реакциите на КК Работнички за случувањата на натпреварот против Пелистер во Битола во рамките од плејофот.

Работнички вчера се пожали на притисоците кои ги добиваа судиите и го обвини комесарот за прекршување на правилата. Тој сега преку соопштение се огласи со своја верзија на настаните.

„Доколку имало остварен физички контакт врз службените лица (судија или делегат) на што и алудирате, ве уверувам, а согласно членот 43.6.5 од Пропозициите за натпреварување во сениорските лиги, натпреварот би бил прекинат веднаш, без продолжение, за што одлука би донел првиот судија. Екипата на КК „Пелистер АД“ би била одговорна за прекинот и би го изгубила натпреварот со службен резултат (20:0).

Судиите и делегатот го потврдуваат истото во своите изјави, односно извештај.

Со оглед на тоа дека по завршетокот на интервалот за игра, службените лица излегле на теренот за игра, односно полувремето, и го отсудиле натпреварот до крајот, се потврдува дека немало никаков остварен физички контакт врз нив“, се вели во дел од соопштението.

Целото соопштение можете да го прочитате на овој ЛИНК.