И РФМ му удоволи на Пелистер, сега битолчани ќе имаат ден повеќе за одмор!
Според првичниот распоред Алкалоид и Вардар требаше да го играат полуфиналниот меч од Купот на Македонија во четврток на 16. мај, а ден подоцна да се одигра дуелот меѓу Пелистер и Тиквеш.
Битолчани беа гневни на ваквиот распоред и синоќа со жестоко соопштение кон РФМ се побунија дека е направена неправда кон нив со тоа што би имале ден помалку одмор за финалето во недела на 19. мај.
Вардар и Алкалоид му излегоа во пресрет на Пелистер и побараа да биде променет терминот, па наместо битолчани, тие ќе имаат ден помалку за одмор.
РФМ го прифати барањето на Вардар и Алкалоид и преку соопштение ја потврди промената на термините.
„Натпреварувачката комисија при РФМ постапувајќи по доставените дописи од страна на РК Вардар 1961 и РК Алкалоид се согласија до го отстапат предвидениот термин четврток за одигрување на полуфиналниот натпревар од Ракометниот Куп на Македонија 2024, на инсистирање на РК Е. Пелистер. Допис за промена на терминот има доставено и од ГРК Тиквеш 2014.
Термини за одигрување на полуфиналните натпревари во рамки на ракометниот Куп на Македонија 2024:
Натпревар : РК Еурофарм Пелистер - ГРК Тиквеш 2014
Ден и час : четврток (16.05.2024 г.) со почеток во 19.30 часот.
Натпревар : РК Вардар 1961 - РК Алкалоид
Ден и час : петок (17.05.2024 г.) со почеток во 19.30 часот.
Финален натпревар : Недела (19.05.2024 г.) со почеток во 19.00 часот.
Спортското витештво се демонстрира на терен, а се гради вон терен, нека победи подобриот“, стои во соопштението на РФМ.