Расел веќе се откажа: Не сум дел од борбата за титулата
Кими Антонели дојде до осмата во Формула 1 на целосно новата патека „Мадринг“, додека Расел заврши на разочарувачкото петто место. По трката Расел порача дека во овој момент не размислува за борба за титулата.
„Нема да кажам дека е готово, но исклучително е малку веројатно дека ќе бидам дел од оваа борба. Дури и не размислувам за тоа да бидам во борбата, бидејќи не мислам дека сум дел од неа.“
Од друга страна, тој навести и нешто помал притисок врз себе до крајот на 2026 година.
„Тоа речиси ми овозможува да се фокусирам на секоја трка поединечно и само да се обидам да победам колку што можам повеќе. Што и да се случи, ќе се случи, таква е ситуацијата“, заклучи Расел.