Мота ќе стане тренер на Јувентус, познати се и деталите

Тијаго Мота ја однесе Болоња во Лигата на шампионите, но ќе замине од овој клуб и ќе се пресели во Јувентус.

Италијанските медиуми пишуваат дека работата е веќе готова, Мота се договорил со Јувентус, ќе потпише двегодишен договор со опција и за трета сезона.

Тој ќе заработува 3,5 милиони евра по сезона. Трансферот ќе биде соопштен по крајот на сезоната.

Се шпекулира дека Маурицио Сари е најблиску до клупата на Болоња.