Модриќ би можел да се пресели во Серија А!

Ѕвездата на Реал Мадрид и хрватскиот фудбал, Лука Модриќ ќе си замине од Бернабеу по крајот на сезоната, а една од можните следни дестинации е новиот член во Серија А, Комо.

Наводно, Сеск Фабрегас сака да го ангажира Модриќ во Комо, тој смета дека искуството на Хрватот би било од големо значење за тимот во Серија А.

За Модриќ има шпекулации и за заминување во Саудиска Арабија, тој минатото лето одби да се пресели таму со цел да продолжи во Реал Мадрид.

Се верува дека Хрватот повторно би ги одбил Шеиците доколку до него стигне интересна понуда од Европа, можеби предизвик ќе му биде да заигра за Комо под водство на Фабрегас.

Дел од клубот на новиот член на Серија А е и Тјери Анри.