Демонстрација на сила: Јокиќ си играше со Минесота, Денвер води (ВИДЕО)
Бранителот на титулата славеше благодарение на фантастичниот Никола Јокиќ кој одигра натпревар за историја. Српскиот ас пред натпреварот го доби признанието за МВП на сезоната, а потоа покажа дека со право му е доделена наградата бидејќи постигна 40 поени, 13 асистенции и 7 скока, без ниедна загубена топка и со шут од игра 15/22.
Гостите беа во игра до почетокот на третата четвртина во која дури имаа и минимална предност, но потоа Денвер се одлепи на +13 (76-63), а во последниот квартал разликата не се симна на едноцифрена вредност.
Јокиќ беше далеку најдобар играч на натпреварот, зад него останаа Гордон со 18 поени и 10 скока и Мареј со 16 поени. Кај Минесота, Таунс беше најдобар стрелец со 23 поени, а потфрли Едвардс кој остана на само 18 поени со шут од игра 5/15.
Со 3-2 сега води и Њујорк кој на домашен терен ја победи Индијана со 121-91 во серијата во која нема ниеден брејк. Блескаше Џејлен Брансон кој постигна 44 поени, додека Сијакам со 22 беше најефикасен во тимот на Индијана.