
Надал одлучил, ќе игра на - Ролан Гарос!
Надал во моментов е во Мајорка каде отиде по поразот од Хуберт Хуркач во второто коло од АТП мастерсот во Рим.
Шпанецот беше убедливо поразен од Хуркач со само четири добиени гејма и тогаш не делуваше многу оптимистичен дека ќе игра на Ролан Гарос.
Сепак, четири дена подоцна, од Мајорка доаѓа информацијата дека Надал ќе ги спакува куферите и ќе тргне во Париз каде на Ролан Гарос дури 14 пати беше шампион.